Утрински Весник
Свет

(Видео) Двајца од повредените во Париз се борат за живот

(Видео) Двајца од повредените во Париз се борат за живот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Двајца од повредените во нападот со нож во близина на поранешното седиште на магазинот „Шарли Ебдо“ во Париз се во сериозна состојба. Според медиумите, кои се повикуваат на полициски извори, осомничениот за нападот веќе е приведен.

„Се случи сериозен инцидент во Париз, убодниот напад беше извршен пред поранешното седиште на ‘Шарли Ебдо’, оставајќи четворица повредени, од кои двајца се во сериозна состојба “, рече францускиот премиер Жан Кастекс.

Редакцијата на „Шарли Ебдо“ беше нападната од исламистички теоретичари на 7 јануари 2015 година.

Двајцата напаѓачи тогаш убија 12 лица, вклучително и 10 вработени и 2 полицајци, а ранија уште 11 лица.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Украински пратеници обвинети за мито

Нетанјаху патува во САД за средба со Трамп за Газа и регионални прашања

Италија запре италијанска мрежа поврзана со Хамас