„Нетфликс“ го објави првиот тизер на долго очекуваното продолжение на Knives Out („Нож во грб“) со Даниел Крег и Кејт Хадсон во главните улоги, а кој се снимаше во текот на летото во Грција.
Во четвртокот, стриминг-платформата сподели седум секунди снимка од претстојната мистерија за убиство, напишана и во режија на Рајан Џонсон.
Во клипот, сместен меѓу неколку кратки тизери за други филмови кои треба да се појават на платформата оваа година, може да се види како Крег се подготвува да се качи на јахта.
Дејв Батиста, Едвард Нортон, Џенел Моне, Кетрин Хан, Лесли Одом Џуниор, Медлин Клајн, Џесика Хенвик и Итан Хок се во актерскиот тим на многу-очекуваниот филм.