Утрински Весник
Македонија

(Видео) Давидовиќ: Неодговорната власт на СДСМ ја поскапе водата во Куманово

(Видео) Давидовиќ: Неодговорната власт на СДСМ ја поскапе водата во Куманово

Поради неодговорноста на локалната власт, почнувајќи од овој месец, и секоја наредна година, кумановци ќе добиваат зголемени сметки за потрошена вода, обвини Милан Давидовиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

„ ЈП Водовод Куманово наместо да се грижи за интересите на граѓаните, да го подобрува системот за водоснабдување, да ја намали загубата на водата низ водоводната мрежа која е стара повеќе од 60 години, и да ја подобри слабата наплата на сметките за потрошена вода, нивниот врвен приоритет е посегнување по џебот на кумановци.

Сметаме дека поскапувањето на водата за пиење во Куманово, предложено од страна на Регулаторната комисија е нереално и врз база на лоши финансиски извештаи на Јавното претпријатие. Затоа повеќе од неопходно беше потребно Советот на Општина Куманово да не даде согласност за оваа одлука на Регулаторната комисија, која за жал се усвои од советниците на СДСМ и ДУИ со 19 гласа ЗА.
Ваквото посегање по џебот на граѓаните, владејачкото мнозинство го направи само неколку дена предновогодишните празници и оваа штетна одлука ја протурка набрзина и надвор од очите на јавноста, со што кумановци се оптеретуваат со дополнителни финансиски издатоци во ситуација на пандемија и економска рецесија.

Оваа одлука на Регулаторна комисија за покачување на цената на водата за пиење во Куманово, како и начинот на кој беше донесена, ја сметаме за скандалозна и никако не смееше да биде изгласана во Советот на општината.

Градоначалникот Максим Димитриевски наместо да бара одговорност и да се спротивстави на ваквото поскапување на водата за пиење, тој ја премолчува целата оваа ситуација. Максим Димитриевски, СДСМ и ДУИ, по кој знае кој пат, го покажаа своето вистинско лице.

Додека повеќе од 50.000 граѓани на Република Македонија останаа без работа заради неспособноста на Владата да се справи со оваа економска криза предизвикана од пандемијата, а помеѓу нив и голем број кумановци, локалните власти зголемуваат такси и давачки, со кои дополнително ги осиромашуваат граѓаните. За вакво неодговорно и расипничко однесување одговорност мора да има, и ќе има!“ порача Давидовиќ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме