Утрински Весник
Свет

(Видео) Гранатиран главниот град на Нагорно-Карабах

(Видео) Гранатиран главниот град на Нагорно-Карабах

Главниот град на самопрогласената република Нагорно-Карабах, Степанакерт, синоќа беше гранатиран од азербејџанските сили. На видеата што утрово се споделени може да видат кратери од експлозијата на гранати, урнатини и уништени автомобили.

Претходно беше објавено дека жени и деца го напуштаат Степанакерт поради гранатирањето.

Според последните информации, градот е нападнат и утрово.

Од синоќа во Степанакерт нема струја.

Според локалното Министерство за надворешни работи, синоќа азербејџанските сили биле насочени кон зградата за дистрибуција на електрична енергија.

Во последните денови имаше неколку напади врз главниот град на спорниот регион, поради што населението беше принудено да се сокрие во подрумите и засолништата.

https://www.youtube.com/watch?v=hbHFzWwkoX0

Во меѓувреме, утрово Азербејџан соопшти дека ерменската артилерија возвраќа, бомбардирајќи го азербејџанскиот град Бејлаган, кој не е далеку од фронтот.

Официјални лица од Нагорно Карабах соопштија дека досега се убиени над 150 нивни војници. Нема официјални бројки за жртви од азејбејџанската страна и бројот на цивили во овие напади.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција