Утрински Весник
Свет

(Видео) Градоначалник од САД со приватен авион одлета на одмор, а граѓаните ги повика да останат дома

(Видео) Градоначалник од САД со приватен авион одлета на одмор, а граѓаните ги повика да останат дома

Градоначалникот на тексашкиот град Остин, Стив Едлер, одлета со приватен авион на одмор во Мексико, од каде со видеопорака ги повика граѓаните да останат дома поради пандемијата.

Во крајбрежен ресорт во Мексико, каде престојува тој, ја снимил видеопораката во која ги повикува граѓаните на Остин да останат дома за да го спречат ширењето на коронавирусот.

„ Не е време за опуштање“ порача Едлер.

Кога тоа било откриено, многумина тоа го нарекле лицемерие. Тој се оправдувал дека не прекршил ниту едно правило, бидејќи на сила не била забрана за патување.
Би-би-си пренесе како неговиот пат во Мексико го открил весниот „Статесман“ од Остин.

„ Во тој период немаше препорака да не се патува. Некој би можел да го види мојот пример и да приговара дека сум патувал. Но она што не би можеле да кажат е дека сум патувал во време кога сум им зборувал на луѓето да не патуваат“ рекол Едлер за весникот.

Едлер пред неговото заминување за Мексико, организирал свадбена церемонија за својата ќерка во хотел во Остин. Церемонијата се одржала на отворено, а имало 20 гости.

Тој призна дека на церемонијата маските „веројатно не биле“ носени цело време, иако им биле предадени на гости.

Следниот ден, тој со приватен авион одлета до крајбрежното одморалиште во Кабо Сан Лукас, каде тој и неговото семејство поминале една недела.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно

Голем руски напад врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

Силна експлозија во фабрика во Шпанија – има загинати и повредени