Утрински Весник
Свет

(Видео) Градоначалникот на Киев ги посети луѓето во метро-станиците: „Расположението е патриотско и одлучно“

(Видео) Градоначалникот на Киев ги посети луѓето во метро-станиците: „Расположението е патриотско и одлучно“

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, преку видео порака до граѓаните говореше за состојбата во градот.

Тој рече дека Киев живее во воени услови, ситуацијата е комплицирана, но е под контрола.

„Го обиколив градот, се симнав во метрото каде што луѓето се кријат со денови, разговарав со нив, ги прашав дали им треба нешто, ги охрабрив. Расположението во Киев е патриотско и одлучно, сите сме им благодарни на нашите војници и се гордееме со нив. Градската власт прави се’ што може целата критична инфраструктура да биде достапна за граѓаните. Го подготвуваме градот и за можни посилни напади“, рече Кличко.

Тој апелира сите да се придржуваат до правилата додека полициски час е на сила.

Можете да прочитате

Даунинг стрит: Трамп погреши што ја омаловажи улогата на војниците во Авганистан

Агентот на ICE ја застрелал Рене Гуд три пати, третиот истрел бил фатален

Копенхаген ги стави трупите на Гренланд во борбена готовност поради можен напад од САД