Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Гори товарен брод полн со луксузни автомобили во Атлантикот

(Видео) Гори товарен брод полн со луксузни автомобили во Атлантикот
Dik 300x250 mk

Гори напуштен товарен брод полн со луксузни автомобили и плови во Атлантскиот Океан откако огнот го принуди екипажот да побегне и да го напушти бродот.

Бродот „Фелисити Ејс“ се запали во средата во северниот дел на Атлантикот додека превезуваше товар од градот Емден во Германија до Дејвисвил на Род Ајленд, вклучувајќи луксузни автомобили „Порше“ и „Фолксваген“, јавува Си-Ен-Ен.

Во моментот на пожарот, бродот се наоѓал на 90 наутички милји југозападно од португалските Азорски острови, се вели во соопштението на португалската морнарица.

Откако избувнал пожарот во товарниот дел, кој многу брзо се проширил, целата екипа од 22 члена била принудена да се евакуира.

Овој брод е регистриран во Панама и е управуван од јапонската бродска компанија „Micui OSK Lines“ (MOL).

Од компанијата „Порше“ за „Си-Ен-Ен бизнис“ потврдиле дека меѓу товарот имало и неколку автомобили од таа марка и дека сега купувачите на тие автомобили ги контактираат нивните дилери.

Португалската морнарица соопшти дека океанскиот патролен брод останува на лице место за да го надгледува напуштениот брод.

Можете да прочитате

ЕУ подготвува план за војна со Русија, протекоа детали, доаѓа „ѕид од дронови“

Во Милано убиена манекенка, партнерот ја прободел дури 24 пати

Поради руските напади, Украина воведува прекини на електричната енергија