Голем пожар избувна попладнево во близина на железничката и метро станицата во Лондон, од каде патниците беа евакуирани, соопшти противпожарната служба, додавајќи дека испратиле околу 100 свои припадници на местото на несреќата.
Три деловни простории во близина на станицата „Елефант касл“, јужно од Темза, се запалија заедно со шест автомобили и телефонска говорница, соопштија пожарникарите на Твитер, повикувајќи ги граѓаните да ја избегнуваат областа и да ги затвораат прозорците.
Um London wtf is going on?! pic.twitter.com/wbPMdpNijF
— Matthew James Lister (@MrMattLister) June 28, 2021
На видеата емитувани на социјалните мрежи се гледа густиот чад од пожарот што избувна по експлозијата, чија причина не беше позната.
„Овој инцидент не се смета за терористички акт“, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека сообраќајот е затворен кон таа зона.