Утрински Весник
Свет

(Видео) Голем пожар во магацин за пиротехника во Москва предизвика силни експлозии

(Видео) Голем пожар во магацин за пиротехника во Москва предизвика силни експлозии

Избувна пожар во магацин за пиротехника во Москва, при што се случија низа експлозии. Огнот зафати петарди и други уреди исполнети со барут, соопшти Службата за итни ситуации. Нема информации за евентуални жртвите во пожарот.

Бело сив густ чад излегува од магацинот и лебди над градот. Сообраќајната полиција излегла на местото на експлозијата, а руското Министерство за вонредни состојби потврди дека во магацинот има пожар.

Очевидци пријавија пожар и експлозии во областа на насипот Лузњец. Поради пожарот, сообраќајот е ограничен.

„ Според прелиминарните податоци, пожарот зафатил површина од 150 квадратни метри, а потоа се проширил на блиската зграда“, наведува извор на ТАС С.

Пожарникарите побараа дополнителни единици бидејќи пожарот сè уште е надвор од контрола.

Можете да прочитате

Британија троши 850 милиони фунти за преселување на Авганистанци по истекување на податоци

Францускиот премиер предлага укинување на два државни празника за намалување на долгот

Трамп: Зеленски не треба да ја таргетира Москва