Утрински Весник
Свет

(Видео) Големи протести во Италија, антиваксерите на улица

(Видео) Големи протести во Италија, антиваксерите на улица

Попладнево во Рим и Милано започнаа протести против воведување на санитарна зелена карта од 15 октомври. Антиваксерите се судрија со полицијата а солзавец и водени топови беа употребени за да се растераат демонстрантите, кои како што јавуваат италијанските гласила не се откажаа од нивната намера.

Во Рим, околу 10.000 демонстранти се собраа на Народниот плоштад, тие не сакаат воведување на ковид-пропусници за влез во секој затворен простор или воведување на неопходниот доказ за вработените дека не се позитивни за да можат да одат на работа.

По протестот на Народниот плоштад во Рим, демонстрантите излегоа на нелегален протест кон Палатата на Владата на Италија (Палатата Чиџи), а полицијата употреби водени топови за да ги спречи. Голем број од нив беа запрени на чекор од зградата на Владата и Парламентот, во Виа дел Корсо.

Во Милано имаше и манифестација која се одржа под слоганот „Ќе издржиме, нема да се предадеме, пристигнуваме во Рим“.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп