Утрински Весник
Свет

(Видео) Голема експлозија на Куба: Уништен хотел, се трага по преживеани

Голема експлозија се случи денеска во главниот град на Куба, а уништен е хотелот во Хавана.

Полицијата и пожарникарите под урнатините трагаат по преживеани, јавува Си-ен-ен.

Засега не е јасно што ја предизвикало експлозијата во хотелот Саратога во центарот на градот.

Очевидци опишаа „масовна експлозија“ која очигледно уништила автобуси и автомобили пред хотелот.

Хотелот, кој е изграден во 1930-тите и има 96 соби, повторно е отворен во 2005 година по реновирањето, пренесува Телеграф.

Можете да прочитате

Пловидбата низ Ормуската Теснина под контрола на Иран, осигурувањето драстично поскапе

Путин го ограничува извозот на готовина и злато

Кина воведува систем за осигурување за долгорочна нега како одговор на стареењето на населението