Утрински Весник
Свет

(Видео) Гејтс: Постојат две закани за човештвото за кои никој не сака да зборува

(Видео) Гејтс: Постојат две закани за човештвото за кои никој не сака да зборува

Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс, по бројните критики поради предлогот за формирање глобален систем за спречување на нови пандемии, зборуваше за главните закани по човештвото по искоренувањето на коронавирусот.

Во интервју за Јутјуб каналот Veritasium, коосновачот на „Мајкрософт“ рече дека има две главни закани – климатските промени и биотероризмот.

„Една од нив се климатските промени. Секоја година ќе имаме поголем број на смртни случаи отколку што имавме во оваа пандемија“, рече Гејтс.

Според него, постои друга закана за која никој не сака да зборува.

„Некој што сака да предизвика штета може да направи вирус, а тоа значи дека постои можност да бидеме заразени со него повеќе отколку во природно предизвикана епидемија како сегашната“, рече тој.

Милијардерот истакна дека во иднина ќе има повеќе пандемии, бидејќи луѓето се во интеракција со други видови, а вирусите ја преминуваат видната бариера. Тој спомена дека луѓето треба да бидат поподготвени и веќе никогаш да нема толкав број на мртви како што има сега.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков

Обилни снежни врнежи во Турција: Затворени училишта и спасени стотици граѓани