Утрински Весник
Економија

(Видео) Георгиевски: 300 милиони денари за 19.000 тутунари

(Видео) Георгиевски: 300 милиони денари за 19.000 тутунари

Владата предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија е најдобрата опција за стабилност и сигурност кај земјоделците. СДСМ е партија на добри вести, за разлика од опозицијата, која е извор на лажни вести, истакна на денешната прес-конференција Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

„Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат започна со исплатата на финансиската поддршка за тутунарите во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од Ковид-19 и на сметките на производителите на тутун веќе почнаа да стигнуваат парите за откупените количини. Над 19.000 тутунари, наши сограѓани, добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари. Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа“, рече Георгиевски.

Претходно, потсети тој за тутунарите беа исплатени субвенции во висина од една милијарда и седумстотини илјади денари и заедно со оваа поддршка, Владата за тутунарите, во година на светска здравствена и економска криза, успеа да реализира две милијарди денари финансиски средства.

„Секогаш кога е потребно, подаваме рака. Верувам дека добро се сеќавате на едно минато време, кога бевте оставени сами на себе, кога трпевте притисоци од режимот и кога моравте вашиот квалитетен тутун да го давате за мизерни цени. СДСМ ќе продолжи со безрезервната гружа за тутунарите и за сите земјоделци во нашата држава“, рече Георгиевски.

Можете да прочитате

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 56. сесија на Клубот на истражувачите

На својот 80-годишен јубилеј „Реплек“ донираше милион денари за модернизација на Фармацевтскиот факултет

Панел-дискусија на годишната конференција на МАСИТ: За економски напредок е неопходна синергија помеѓу образованието и индустријата