Утрински Весник
Македонија

(Видео) Георгиевска: 15 милиони денари за ваучери за летување во домашни капацитети

(Видео) Георгиевска: 15 милиони денари за ваучери за летување во домашни капацитети

И оваа година граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, оваа година изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Таа потсети дека јавниот повик беше објавен на 8 јуни со краен рок за аплицирање 30 јуни. За една недела од објавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија се пристигнати над 2.600 апликации по што повикот е затворен.

„За реализација на оваа мерка од државниот буџет предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери. Ова се пари кои ќе завршат кај домашните хотелиери, со што ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а истовремено ќе им се помогне и илјадници семејства со ниски примања“, рече Георгиевска.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“