Утрински Весник
Македонија

(Видео) Георгиевска: И во време на пандемија се реализираат странски инвестиции

(Видео) Георгиевска: И во време на пандемија се реализираат странски инвестиции

„И во време на светска пандемија, тековно се одвива процесот на реализација на странските директни инвестиции во нашата економија.Компанијата „ВИК (WIK) Македонија“ доби државна поддршка за вториот инвестициски проект на компанијата во технолошко-индустриската развојна зона Прилеп.Станува збор за инвестиција во вредност од 2,5 милиони евра со која е предвидено да се вработат нови 100 лица“, изјави Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ.

Според неа, претходно, оваа компанија со седиште во Сојузна Република Германија инвестираше 10,5 милиони евра, а во производствените погони веќе работат 250 лица.

„Ова, почитувани е препознавање на позитивната и стабилна клима за инвестирање што ја гради Владата предводена од СДСМ, препознавање на предностите од членството во НАТО и забрзаниот процес на интеграција во ЕУ.Доказ за тоа е што најголем дел од странските инвестиции доаѓаат токму од земји членки на ЕУ, каде предничат Германија, Велика Британија и Грција.

Со членството во НАТО, со процесот на отворање на преговори за членство во ЕУ, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за сериозни странски инвестиции.Во период кога се уште се соочуваме со економски предизвици поради коронакризата, Владата предводена од СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои создаваат позитивна, стабилна и предвидлива бизнис клима и градење на нова, развојна македонска економија.Продолжуваме да работиме уште повеќе, за да биде уште подобро за нашата економија, за нашите граѓани“, додаде таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор