Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Вулканот Килауеа еруптира на Хаваите

(Видео) Вулканот Килауеа еруптира на Хаваите
Img 7972

Вулканот Килауеа еруптира на Големиот Остров на Хаваите, соопшти денеска Американскиот геолошки институт повикувајќи се на Вулканската опсерваторија на Хаваите, пренесува „Спутник“.

Опсерваторијата откри сјаење во кратерот Халема’ума’у на вулканот околу 21.30 часот по хавајско време. Ситуацијата бргу ескалира и ерупцијата беше означена со црвен код, што е највисоко можно советодавно ниво за авијацијата, а нивото на тревога беше променето во предупредување.

Фотографии и видеа од ерупцијата се појавија на интернет, а на нив се гледаат облаци црн чад, кои излегуваат од кратерот со пеколни портокалови нијанси.

Опсерваторијата регистрира зголемена сеизмичка активност во областа на вулканот од септември. На почетокот на овој месец експертите забележаа деформација на почвата и стапки на земјотрес што ги надминаа оние забележани од крајот на ерупцијата во 2018 година.

Во мај 2018 година се случи експлозивна ерупција на Килауеа. Килауеа е еден од петте вулкани на Големиот Остров на Хаваите и е еден од најактивните во светот, според ЕСА.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Орбан има неочекувани потенцијални сојузници во обидот да ја задржи Украина надвор од ЕУ

Се урна дел од облакодер во Њујорк, сомневањата се дека причина е експлозија од гас

Макрон: Париз и Берлин треба да истраат на проектот за заеднички европски борбен авион