Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Вселенска ракета експлодираше непосредно по лансирањето од Калифорнија

(Видео) Вселенска ракета експлодираше непосредно по лансирањето од Калифорнија
Img 7972

Првиот обид на приватната компанија „Фајрфлај аероспејс“ да лансира ракета во орбитата заврши со експлозија.

Имено, ракетата наречена „Алфа“ експлодира неколку минути по лансирањето.

„Алфа забележа аномалија во првата фаза од лансирањето, што резултираше со губење на ракетата“, објави компанијата на „Твитер“.

На снимката се гледа како ракетата експлодира две и пол минути по лансирањето од Калифорнија.

Претходниот обид за лансирање беше прекинат само неколку секунди пред лансирањето од необјаснети технички причини, пренесува „Скај њуз“.

Пред да експлодира, на ракетата и требало двојно повеќе време од очекуваното за да достигне брзина на звукот.

„Алфа“ требало да достигне брзина на звукот 67 секунди по лансирањето, но ја достигнала дури по 140 секунди. Експлодирала 10 секунди подоцна.

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне