Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Турција поставена куќичка на три ката, со 64 соби за мачки

(Видео) Во Турција поставена куќичка на три ката, со  64 соби за мачки
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во паркот Докум во турскиот град Анталија е поставена дрвена минијатурна зграда со соби за мачки.

Станува збор за дрвена минијатурна трикатна зграда со 64 соби кои се целосно опремени за удобен и безбеден престој на мачки.

Покрај зградата, поставени се и помали куќички и други содржини за мачки, како еден вид „град на мачки“, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Општина Кепез во Анталија објави дека паркот Докум, покрај музеи, библиотеки, уметнички галерии и научен центар, доби нови содржини кои ќе им обезбедат удобен престој на животните.

Канцеларијата за уредување на паркови претходно во паркот Докум постави 30 куќички за безбедно сместување на птиците.

Надлежните служби на Општина Кепез ќе го претворат центарот за привремено сместување на бездомни животни во болница каде што на животните ќе им се овозможи  лекување, рехабилитација и сместување.

Болницата за животни ќе нуди и услуга за брза помош, и ќе биде опремена со простории за операции, лабораториска анализа на крв, интензивна нега, рендгенски прегледи, постоперативно закрепнување и карантин.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Четворица повредени од пожарот во Кран-Монтана префрлени на лекување во Германија

Нови правила за патување во ЕУ

Иран: Мешањето на САД во протестите ќе предизвика хаос