Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Во Србија пристигнаа уште 100.000 вакцини „спутник В“

(Видео) Во Србија пристигнаа уште 100.000 вакцини „спутник В“
300x250 opst2

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека новиот контингент со руски вакцини „спутник В“. Уште 100.000 дози на руската вакцина „спутник В“ пристигнаа со авион на „Ер Србија“.

Денес тие вакцини ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација во земјата.

Србија договори да и се испорачаат вкупно два милиони дози „спутник В“, а целата количина ќе биде испорачана до крајот на април.

Премиерката Ана Брнабиќ рече дека со оваа последна испорака, бројот на набавени вакцини ќе надмине два милиони дози. Таа најави дека денес ќе пристигнат уште 58.500 вакцини на „Фајзер“, а на 5 март 500.000 вакцини на кинеската компанија „Синофарм“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран: Поддршката за договорот за Газа не значи одобрување на политиката на САД

Бајден прима хормонска и зрачна терапија поради агресивниот рак на простата

Орбан најави петиција против „воените планови на Брисел“ за Украина