Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Скопје одбележана 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

(Видео) Во Скопје одбележана 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

По повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна, владини делегации денеска присуствуваа во Скопје на комеморативните настани, организирани од Еврејската заедница во нашата земја.

Во спомен на овој трагичен настан, делегација предводена од министерот за правда Бојан Маричиќ положи цвеќе на споменикот во чест на 7.144 македонски Евреи, кој се наоѓа во поранешниот скопски Монопол (Тутунски комбинат), од каде во 1943 година биле депортирани кон нацистичкиот логор на смртта „Треблинка“.

Делегација предводена од министерката за култура Ирена Стефоска положи цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и споменикот на паднатите борци во Народноослободителната борба (НОБ) на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

Во Македонија и годинава на пригоден начин со низа активности и настани се одбележува споменот на жртвите од холокаустот за никогаш да не се заборави оваа голема трагедија, но и како потврда на заложбите за борба против антисемитизмот и сите форми на зло и неправда.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Забраната за движење во шуми продолжена до крајот на август

ВМРО-ДПМНЕ: ХС Ѓавато беше запуштен од СДС, работиме на санирање на штетите и тој сега функционира    

Компанијата dm drogerie markt ги предупредува граѓаните да не веруваат во информации кои се споделуваат за измами со повлекување на пари од сметка и лажни наградни игри!