Утрински Весник
Свет

(Видео) Во САД одобрен брзиот тест за корона, чини само 5 долари

(Видео) Во САД одобрен брзиот тест за корона, чини само 5 долари
Dik 300x250 mk

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) издаде одбрение за употреба на брзиот тест за Ковид-19 од Abbott Laboratories.

Тестот е наречен BinaxNOW COVID-19 Ag и дава резултати во рок од 15 минути, а компанијата планира да го продава по цена од 5 долари. Комплетот за тестирање е исклучително практичен и е со изглед и големина на кредитна картичка, се вели во соопштението од производителот.

Според клиничката студија спроведена од компанијата во соработка со неколку водечки американски истражувачки универзитети, тестот BinaxNOW покажал чувствителност од 97,1% (можност за прецизно идентификување на оние кои имаат вирус) и специфичност од 98,5% (можност за прецизно идентификување на оние кои немаат вирус) кај пациенти за кои постои сомневање дека биле заразени со Ковид-19, во првите седум дена по појавата на симптомите.

Брисот за тестот се зема од носот на пациентот во текот на првите седум дена по појавата на симптомите. Примероците не се испраќаат во одделни референтни лаборатории, туку веднаш се анализираат на самото место со помош на комплетот за тестирање.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа

Покровск пред пад, се водат улични борби, Украинците се опколени