Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Во поплавите во САД досега загинаа 22 луѓе, се трага по исчезнати

(Видео) Во поплавите во САД досега загинаа 22 луѓе, се трага по исчезнати
Img 7972

Најмалку 22 лица загинаа во катастрофалните поплави во американската сојузна држава Тенеси во саботата, додека спасувачките тимови трагаат по уште десетици луѓе кои се водат како исчезнати.

Поплавите во саботата во руралните области уништија патишта, телефонски столбови, оставајќи цели семејства да се прашуваат дали нивните сакани преживеале невидени поплави, пренесува агенцијата АП.

Во саботата падна до 43 сантиметри дожд во округот Хамфрис, со што беше соборен рекордот на Тенеси за еднодневни врнежи за повеќе од осум сантиметри, објави Националната метеоролошка служба.

Од невремето има остатоци од уништени автомобили, демолирани куќи и други објекти насекаде во областа.

Фејсбук страницата на канцеларијата на шерифот во округот Хамфрис е исполнета со пораки од луѓе кои бараат исчезнати пријатели и семејство.

Неодамнешните научни истражувања потврдија дека обилните врнежи ќе станат почести поради климатските промени предизвикани од човекот.

Можете да прочитате

Екс кинески министер за земјоделство осуден на смрт поради корупција

Во Белгија приведени осум лица при истрага за меѓународна пирамидална шема за измами

Орбан: Без руска енергија, унгарската економија ќе пропадне