Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Париз уапсен маж кој шетал со мачета во рацете

(Видео) Во Париз уапсен маж кој шетал со мачета во рацете

Француската полиција уапси маж кој бил забележан во центарот на Париз со мачета во рацете, изјави портпаролот на полицијата. Тој бил уапсен во хотелска соба откако претходно бил забележан на улиците на Париз.

Очевидци го пријавиле мажот во полиција, која за кратко ја блокирала областа, додаде полицискиот портпарол.

„Едно лице со мачета беше пријавено во полиција. Никој не е повреден. Истрагата е во тек“, изјавија од полицијата за АФП.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори

Нетанјаху се закани со нови напади врз Либан и Газа

Ердоган најави разговори со Путин за оживување на „житниот коридор“ преку Црното Море