Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Мадрид падна најголемата нарко-банда, запленети луксузни автомобили и 800.000 евра во кеш

(Видео) Во Мадрид падна најголемата нарко-банда, запленети луксузни автомобили и 800.000 евра во кеш

Шпанската полиција уапсила 12 члена на најголемата нарко-банда во Мадрид и запленила автомобил „ферари“ вреден 250.000 евра и цел арсенал огнено оружје, како и јапонски меч, соопшти денеска полицијата.

Како што се наведува, во серија рации биле запленети три ками, неколку автоматски пушки и 600 килограми кокаин. Во соопштението се истакнува дека бандата била многу насилна, пренесува „Ројтерс“.

Меѓу запленетиот имот има 20 скапи автомобили, како и 800.000 евра во готово. Полицијата исто така тврди дека неименуван „адвокат за дрога“ вршел незаконска работа за таа организација што вклучувала и перење на пари. Членовите на бандата користеле шифрирани имиња и живееле во луксузни објекти.

„Истражителите утврдија дека ова е најголемата организација за дистрибуција на кокаин во Мадрид“, се вели во соопштението на полицијата.

На објавената снимка се гледа како полицијата вади торба полна со пари од скривалиште на таванот на еден од становите.

Лидерот на организацијата, кој потекнува од Мароко, бил поврзан со банди во Колумбија, Мароко, Шпанија и северна Европа.

Шпанската полиција работела на случајот заедно со колеги од Колумбија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Киев ќе мора да го прифати мировниот план на Трамп – му порачаа САД на Зеленски

Зеленски се надева дека ќе продолжи размената на затвореници со Русија до крајот на годината

Израел ги засили нападите врз јужен Либан