Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Лондон протест против владините мерки за заштита од коронавирусот

(Видео) Во Лондон протест против владините мерки за заштита од коронавирусот

Граѓани на Лондон излегоа на протест против рестриктивните мерки преземени од британската влада во борбата против коронавирусот, а полицијата приведе неколку лица.

Учесниците го започнаа маршот во Хајд парк, претежно носејќи транспаренти и знаци и повикувајќи на откажување од обврската за носење заштитна маска. Демонстрантите ги осудуваат владините мерки како пат кон тиранија и надзор на државата.

Полицијата не даде никакви информации за бројот на луѓе, но британската новинска агенција ПА и Гардијан тврдат дека илјадници луѓе излегле на протестот. Полицијата подоцна ја растера толпата, а најмалку две лица биле приведени.

Протестот беше организиран од движењето „Да ги зачуваме нашите права“.

Правило од шест лица

На северот на земјата, каде што вирусот брзо се шири, пабовите и баровите се затворени во некои области, а на луѓето не им е дозволено да се дружат со оние од други домаќинства.

Низ целата земја, важи „правилото од шест лица“, што значи дека не смее да се состанат повеќе од шест лица.

Бројот на заразени расте, а во повеќе наврати неодамна се пријавени повеќе од 20.000 случаи за 24 часа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков