Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Канада урнати статуи од британските кралици Викторија и Елизабета Втора

(Видео) Во Канада урнати статуи од британските кралици Викторија и Елизабета Втора

Демонстранти урнаа статуи од британските кралици Викторија и Елизабета Втора во Канада, пренесува Би-би-си.

Статуа на кралицата Викторија била срушена во Винипег, главниот град на провинцијата Манитоба. Во близина на таа статуа била и помала статуа од кралицата Елизабета Втора, која исто така е срушена.

Уривањето на статуите е резултат на растечкиот гнев поради откривањето на гробници на деца под католички училишта во Канада, посочува Би-би-си.

Локалните медиуми објавија дека полицијата уапсила едно лице користејќи електрошокови, но додаваат дека протестот бил главно мирен.

Протестот не беше случајно организиран денес. Имено, на 1 јули во земјата се слави Денот на Канада, односно годишнината од основањето на земјата во рамките на британските колонии во 1967 година.

Британската влада го осуди уривањето на статуите на кралиците.

Можете да прочитате

Над 200 потреси по силниот земјотрес во Турција

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините

Маж спасен од под урнатините по земјотресот во Турција (ВИДЕО)