Во експлозија на цистерна со гориво во Колумбија загинаа 7 лица, а повредени се повеќе од 40, соопштија властите.
Експлозијата се случила откако голем број луѓе се собрале околу камионот што се превртел,со намера да го соберат горивото што протекува.
На видеото се прикажани десетици луѓе околу возилото превртено на страната на патот, на околу 65 километри од градот Баранквил.
Многумина носеле празни пластични шишиња, додека некои дошле да му помогнат на возачот.
Одеднаш се формирал голем оган и луѓето почнале да бегаат.
Некои претрпеле сериозни изгореници, додека некои од загинатите не можеле веднаш да ги идентификуваат.
https://www.youtube.com/watch?v=c8Fwqi34RGc
Колумбискиот сенатор Армандо Бенедети рече дека инцидентот укажува на долгогодишни проблеми како што се неводење грижа од државата и голема сиромаштија и нееднаквост.
„Сето ова се случи затоа што тие бараа начин да преживеат“, напиша Бенедети.
Инспекторите сметаат дека несреќата се случила откако возачот заспал зад воланот.
Инцидентот се случил во време кога болниците во таа област биле преполни поради зголемениот број на заразени со коронавирус.