Утрински Весник
Македонија

(Видео) Во Бар поставена спомен-плоча на Владимир и Косара во чест на македонско-црногорското пријателство

(Видео) Во Бар поставена спомен-плоча на Владимир и Косара во чест на македонско-црногорското пријателство

На вториот ден од официјалната посета на Црна Гора, претседателот Стево Пендаровски денеска во Бар присуствуваше на поставувањето на спомен-плочата на Владимир и Косара, која е изработена во Северна Македонија, во чест на македонско-црногорското пријателство.

Како што информираат од претседателскиот кабинет, Пендаровски посочил дека поставувањето на ова спомен обележје претставува симбол на блискост и на културно-историската врска помеѓу Северна Македонија и Црна Гора, и се реализира на иницијатива на Здружението за македонско-црногорското пријателство и Заедницата на Црногорците во Република Северна Македонија.

„Плочата е во спомен на ликот на црногорскиот кнез Владимир, неговата храброст и човечките идеали, како и легендата за неговата љубов со македонската принцеза Косара, ќерката на цар Самоил, која е опеана во Летописот на попот Дукљанин“, објасни Пендаровски.

Спомен-плочата е изработена од страна на македонскиот скулптор Томе Аџиевски и е поставена во Бар, каде најмногу се негува култот кон кнезот Владимир, кој се смета за заштитник на градот.

Можете да прочитате

Мицкоски се самопрогласи за победник на локалните избори: „Правиме план за денот потоа“ вели тој

ВРЕДИ: Во седиштето на ДУИ треба да се инсталира детектор на лаги

Османи: Победата на ДУИ ќе биде убедлива, веднаш по локалните мора да има парламентарни избори