Утрински Весник
Свет

(Видео) Во Атина претепан поранешниот претседател на Грузија, Саакашвили

(Видео) Во Атина претепан поранешниот претседател на Грузија, Саакашвили
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, е нападнат Во Атина, каде дошол на состанок со грузиските имигранти, пренесе „Спутник Грузија“.

Телевизијата „Мтавари“ објави видео-снимка од инцидентот.

Во близина на зградата во која требало да се одржи настанот, младо момче со капа го нападнало Саакашвили.

Според видеото, тој неколкупати го удри по главата Саакашвили, а насобраните луѓе во паника почнуваат да бегаат.

Поранешниот претседател на Грузија, сепак, се сретна со имигрантите и им ги кажа своите политички планови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во мај го именуваше поранешниот претседател на Грузија, за шеф на извршниот одбор на Националниот совет за реформи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пад на увозот на нафта во ЕУ во првите три квартали од 2025 година

Италија им ја припишува сопственоста на златните резерви на италијанскиот народ

Девет лица повредени во напад со нож во Тајпеј