Утрински Весник
Свет

(Видео) Во акција на црногорската полиција уапсен водачот на Кавачкиот криминален клан

(Видео) Во акција на црногорската полиција уапсен водачот на Кавачкиот криминален клан

Како што соопшти црногорската полиција, синоќа во Котор биле уапсени повеќе лица, а меѓу нив, наводно и водачот на Кавачкиот криминален клан, Слободан Кашчелан, неговиот телохранител Владимир Вучковиќ и Милош Радоњиќ и Крсто Марош од Котор.

Српскиот портал „Блиц“ пред неколку месеци објави дека Кавачкиот калн во последните неколку години ја презел главната улога во црногорското, но и во српското подземје.

Покрај нив, инспекторите од Секторот за борба против криминал уапсиле уште три лица, а се бараат уште неколку членови и организатори на криминалната група, пишува порталот „Вијести.ме“.

Кашчелан се сомничи за организирање на криминална група која извршила и планирала повеќе тешки кривични дела, за што се предвидува казна затвор и до 40 години.

Полицијата утрово соопшти дека презема планирани активности насочени кон криминалните групи.

„Неколку лица се уапсени. Активностите се во тек“, беше објавено на официјалниот профил на „Твитер“, на кој беше поставено и видео од акцијата.

Слободан Кашчелан и Радоје Звицер до 2014 година беа едни од главните луѓе на тогаш единствениот и опасен Шкаљарски клан, но по конфликтот со нивните соработници, решија да формираат свој клан – Кавачки. Од тој ден, двајцата се на чело на оваа криминална организација, која секоја година гради се поголемо влијание во подземјето.

Црногорците Игор Божовиќ и Милош Радоњиќ исто така добиле водечки позиции во управувањето со криминалната група, објави „Блиц“.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина