Утрински Весник
Свет

(Видео) Вонредно обраќање на Путин: Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин

(Видео) Вонредно обраќање на Путин: Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин

Рускиот претседател, Владимир Путин, го започна телевизиското обраќање до јавноста.

Претходно, официјален Кремљ соопшти дека во телефонски разговори со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, Путин порачал дека наскоро ќе ја потпише одлуката за признавање на двете серпаратистички републики во Донбас, источна Украина.

„Модерна Украина е создадена од Русија, болшевичка Русија. Украина не е само наша соседна земја. Таа е нераскинлив дел од нашата историја, во која живеат наши пријатели и роднини“, рече Путин во обраќањето, а ситуацијата во источна Украина ја оцени како критична.

„Денешна Украина може да го носи името на Владимир Илич Ленин, тој ја создаде“, рече Путин во телевизиското обраќање кој го критикуваше поранешниот комунистички лидер, нарекувајќи го „автор и архитект“ на Украина кој со тоа ја „обесправил“ Русија.

„Украина е геополитичка фикција создадена од Сталин во 1920-тите. Таа земја беше украдена со распадот на СССР“, додаде тој.

Путин своевремено распадот на СССР го нарече „геополитичка катастрофа“.

„Украинските олигарси не се грижат за народот, тие им служат на геополитичките интереси на западот“, додаде Путин, посочувајќи дека Украина не успеала да развие стабилна државност.

„Украина е сведена на статус на колонија со која владее марионетски режим“, кажа рускиот претседател.

Можете да прочитате

Нови напади на ИДФ врз позиции на Хезболах во јужен Либан

Украина води како исчезнати 55.000 нејзини граѓани

Норвешка објави меѓународна потерница за лице поврзано со експлозивните пејџери