Утрински Весник
Свет

(Видео) Вонредна ситуација во Луизијана поради ураганот „Николас“

(Видео) Вонредна ситуација во Луизијана поради ураганот „Николас“

Тропската бура „Николас“ се претвори во ураган, проследена со ветрови до 120 километри на час.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба во државата Луизијана и и нареди на федералната агенција за вонредни состојби да ги засили активностите и да помогне на локално ниво да се поправат последиците предизвикани од тропската бура, која од синоќа се претвори во ураган.

Ураганот, проследен со налети на ветер до 120 километри на час, се разви речиси 75 километри југозападно од Фрипорт, Тексас, објави Националниот центар за урагани.

Ураганот донесе обилни врнежи од дожд, силни ветрови и бури во делови од централниот и горниот дел на Тексас, соопшти Центарот.

„Бурата полека ќе се движи низ Тексас, ќе трае неколку дена и ќе донесе огромни количини на врнежи. Луѓето во регионот треба да бидат подготвени за екстремни настани на високата вода“, рече гувернерот на Тексас, Грег Абот.

„Николас“ е втор ураган за две недели што го загрозува американскиот брег во Мексиканскиот Залив, откако ураганот „Ида“ ја опустоши Луизијана кон крајот на август, оставајќи повеќе од 25 жртви.

„Сакаме да бидеме сигурни дека оваа бура нема да фати никого неподготвен. Најмногу сме загрижени од силниот дожд “, рече гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, предупредувајќи дека дренажните системи се уште се затнати со седименти предизвикани од „Ида“.

Градоначалникот на Хјустон, Силвестер Тарнер, ги повика 2,3 милиони жители на градот да останат во своите домови.

„Сфатете ја оваа ситуација сериозно и подгответе се. Не знаеме колку дожд ќе падне “, рече Тарнер.

Поради ураганот „Николас“, училиштата во Хјустон ќе бидат затворени во вторник.

Можете да прочитате

Мал авион се урна во австриските Алпи – четири лица загинаа

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

Бројот на жртви од поплавите во Тексас се искачи на 27, меѓу кои девет деца и директорката на кампот