Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Вознемирувачка снимка се појави на интернет, автомобил покоси демонстранти во Сиетл

(Видео) Вознемирувачка снимка се појави на интернет, автомобил покоси демонстранти во Сиетл
Img 7972

 

Две жени се сериозно повредени утрово во Сиетл кога автомобил удрил во мала група демонстранти на затворен автопат, соопштија властите.

„Автомобилот помина низ рампите и удри неколку пешаци“, соопшти полицијата во Сиетл на својот профил на „Твитер“.


Би-би-си известува дека една од жените, наводно е во состојба опасна по живот, а возачот е уапсен.

Осомничениот е идентификуван само како 27-годишен маж од Сиетл, а засега не се знае дали станува збор за насочен напад.

Немирите во Сиетл траат уште од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина за време на полициско апсење во Минеаполис во мај.

Протести на движењето „Црните животи вредат“ и натаму се одвиваат ширум САД.

Текстот (Видео) Вознемирувачка снимка се појави на интернет, автомобил покоси демонстранти во Сиетл е превземен од МАКФАКС.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас