Утрински Весник
Магазин

(Видео) Возач во Русија снимил две младенчиња од ретките сибирски тигри

(Видео) Возач во Русија снимил две младенчиња од ретките сибирски тигри

На северот на Приморски крај во Русија, возач снимил семејство од ретките сибирски тигри, објави Центарот „Сибирски тигар“.

На видеото се гледа како тигарче стои покрај патот, сакајќи да премине, но потоа внимателно се врти и истрчува кон шумата, каде што го чекаат уште едно младенче и возрасна женка, пренесува РИА Новости.

Амурскиот тигар е еден од најретките предатори и е запишан во Меѓународната црвена книга како загрозен вид.

Според експертите, минатата есен во Руската Федерација живееле околу 600 сибирски тигри.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 16 март 2026

Пост од 24 часа: Придобивки и здравствени проблеми

Транзитниот Јупитер во Рак носи силен фокус на домот и емоциите вели Јанковска