Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Денешните избори во СДСМ се севернокорејска демократија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Денешните избори во СДСМ се севернокорејска демократија
Img 7972

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека денешните избори во СДСМ се севернокорејска демократија, бидејќи актуелниот претседател на партијата и премиер, Зоран Заев е единствениот кандидат.

Пред Владата тие поставија постер на кој го прикажуваат Заев седнат во фотелја и облечен како севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.

„Со денешните избори во СДСМ севернокорејската демократија се повеќе и повеќе продира во Македонија. Кој сака, нека честита“, вели Валентин Манасиевски ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, состојбата наликува на комунизмот и тоталитаризмот, а СДСМ која се нарекува демократска одржува избори на кои се гласа за само еден кандидат.

Манасиевски вели дека онака како што СДСМ ја гледа демократијата во својата партија, така ја гледа и во државата. Затоа не ја води Македонија кон ЕУ, туку ја води кон Северна Кореја.

„На гласачите кои на ливчето имаат да бираат меѓу Зоран и помеѓу Заев им честитаме за поддршката на севернокорејската диктатура и режимот кој веќе не е ниту хибриден“, рече Манасиевски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приведен косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа