Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ бара ДИК рачно да ги преброи гласачките ливчиња

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

ОБСЕ и ОДИХР констатираа правна несигурност на овие избори, ДИК рачно да ги преброи ливчињата, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ се победници во 41 општина, а СДСМ во дваесеттина и обвинува дека Социјалдемократите го направиле најголемиот и најмасовниот поткуп и фалсификат на изборната волја.

Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вели Арсовски, вклучително и рачното пребројување на гласачките ливчиња. Нагласува дека пребројувањето треба да го проследи и јавноста, со цел сама да има увид во процесот.

Покрај делот за рачното пребројување, приговорите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат и на неважечките ливчиња.

„Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000 несвојствени за ваква излезност на еден изборен процес. Да потсетам уште еднаш, дека функционери на СДСМ и нивни експоненти јавно водеа кампања да се шкртаат ливчиња, претставувајќи го како повик на ВМРО-ДПМНЕ, што е кривично дело во изборен процес. Потребно е да се заштити волјата на граѓаните и да се тргне дамката од изборниот процес“, нагласи Арсовски.

Тој не даде одговор колку приговори поднеле ВМРО-ДПМНЕ, а најави дека по истекувањето на рокот ќе кажат за кои изборни единици се однесуваат приговорите.

Елена Тарчуговска

 

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија