Утрински Весник
Магазин

(Видео) Вил Смит го удри Крис Рок на „Оскарите“ поради невкусна шега

(Видео) Вил Смит го удри Крис Рок на „Оскарите“ поради невкусна шега

Победникот во ктегоријата Најдобар актер во главна улога Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на синоќешната церемонија на доделување „Оскари“.

57-годишниот комичар Крис беше на сцената во театарот Долби во Лос Анџелес за да ја презентира наградата за најдобар документарен филм, кога се потсмеваше на некои од познатите лица во публиката, а Вил се навреди кога Крис се пошегува на изгледот со избричена глава на неговата сопруга Џејда Пинкет-Смит.

Крис рече: „Џејда, едвај чекам да го гледам вториот дел на ‘Џи-ај Џејн’!“

Иако Вил на почетокот се насмеа, Џејда изгледаше неимпресионирано. Веднаш потоа Вил се качи на сцената, го удри водителот и се симна назад.

Откако се врати на своето место во публиката, Вил извика: „Не го спомнувај името на мојата сопруга со твојата проклета уста“.

https://www.youtube.com/watch?v=qaN0whso7bc

Минатата година Џејда ја обелодени својата одлука да ја избричи главата откако се бореше со алопеција.

Во текот на својот говор за прифаќање на „Оскарот“ за најдобар актер, Вил се извини на Академијата и на номинираните колеги за инцидентот на сцената.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста