Утрински Весник
Македонија

(Видео) Васев: За Мицкоски насилството врз пратеници и новинари е виц

(Видео) Васев: За Мицкоски насилството врз пратеници и новинари е виц

Христијан Мицкоски, единствениот кој е на браникот на криминалот, денеска застана зад својот ментор, осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, првообвинет во судскиот случај „организатори на 27 април“, изјави Стефан Васев од СДСМ.

„Што навистина Мицкоски мисли за крвавиот четврток најдобро зборува тоа што денеска во судницата ширел хумор и како што тој вели „се обидел да биде вицкаст“ За Мицкоски насилството, обидот за убиство на пратеници и новинари е виц. Ете тоа е Мицкоски, секогаш на браникот на насилството и криминалот, никогаш на страната на граѓаните“, рече Васев.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за здравство иницира да се направи инспекција во болницата во Кавадарци по смртта на новороденчето

СДСМ: Ноќни волци, периметар Сомалија – ВМРО дипломатија

Кумановец фатен со 28 клучеви за отварање брави