Утрински Весник
Македонија

(Видео) Васев: ВМРО-ДПМНЕ го раскрчми имотот на АД „Славија“

(Видео) Васев: ВМРО-ДПМНЕ го раскрчми имотот на АД „Славија“

Раскрчмувањето на АД Славија го направи ВМРО-ДПМНЕ,изјави на денешната прес конференција Стефан Васев од СДСМ.

Тој додаде дека во ВМРО-ДПМНЕ и нивните Влади од 2012- 2017 година лежи целата вина за раскрчмување на имотот на АД Славија.

“Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ целосно ја обезвреднила АД Славија и го раскрчмила нејзиниот имот. Тоа што ВМРО-ДПМНЕ упорно, со денови сака да ја манипулира јавноста е провиден обид за бегање од одговорноста и нереално префрлање на вина на некој друг. Дека целосно се загубија во овој неуспешен обид говорат и различните бројки кои секојдневно ги пласираат. Прво, според нив Славија вредеше 20 милиони евра, па ја спуштија проценката на 13, па на 9, а денеска е 4 милиони евра.Во својата произволна математика, не споменуваат ниту дека компанијата е оптоварена со долгови” изјави Васев.

Како што истакна Васев,во периодот од 2012 до 2017 година ВМРО-ДПМНЕ распродала над 70% од имотот на АД Славија. Со тајни продажби, зад затворени врати по неповолни и ниски цени се распродавани десетици дуќани и најатрактивни локали, некогашни маркети на Славија, во Скопје и низ целата држава, кои денес се сопственост на приватни компании.

Наместо да шири лаги, ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните зошто за 12 години не го решила проблемот со Славија, туку распродала две третини од нејзиниот имот, додава Стефан Васев.

Можете да прочитате

Под контрола два пожари на отворен простор

Околу 30 илјади патници минале на ГП „Ќафасан“ во последните три дена

Апасиев во Крушево: Борбата е вечна, победата неизбежна