Утрински Весник
Свет

(Видео) Бројот на исчезнати во поплавите во Германија се искачи на 50

(Видео) Бројот на исчезнати во поплавите во Германија се искачи на 50

Силно невреме со обилни дождови ја зафати западна Германија. Во поплавите загинаа шест луѓе, шест куќи се урнаа, а околу 50 лица се водат како исчезнати.

Портпаролот на полицијата во Кобленц потврди дека шест лица го загубиле животот под засега неутврдени околности. Нивните тела биле пронајдени на различни места.

Други 25 куќи се изложени на ризик од уривање во областа Шулд кај Аденау, пренесува „Билд“.

„Пожарникарите и спасувачите се испратени на повеќе места. Сè уште немаме точна слика за ситуацијата бидејќи во тек се операции за спасување”, изјави портпаролот на полицијата.

Некои места се отсечени од светот поради надојдените води. Многу граѓани се искачија на покривите на своите куќи чекајќи спасувачките екипи да стигнат до нив со брод.

Двајца пожарникари загинаа, пренесува „Ројтерс“.

Железничкиот, патниот и речниот сообраќај се во прекин.

Денес се очекува обилен дожд во југозападна Германија, а дождот ќе паѓа до петок навечер, предупреди утринава германската метеоролошка служба.

Можете да прочитате

Над 5.000 убиени во протестите во Иран

Санчез: Инвазијата на Гренланд од страна на САД би го усреќила Путин

12годишно дете нападнато од ајкула на плажа во Австралија