Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Бројот на загинатите во тајфунот Вамко достигна 42, цело семејство живо затрупано

(Видео) Бројот на загинатите во тајфунот Вамко достигна 42, цело семејство живо затрупано
Img 7972

Во тајфунот Вамко загинаа 42 лица на Филипините, а 20 лица исчезнаа во лизгање на земјиштето и најголемите поплави во изминатите неколку години, соопштија полицијата и службениците на службите за итни случаи.

Силно невреме ги погоди најголемиот остров Лузон и главниот град Манила. Во различни несреќи предизвикани од тајфунот, 42 лица се повредени, јави агенцијата ДПА.

Полицијата соопшти дека меѓу жртвите биле сите членови на едно семејство кои биле закопани живи во северната провинција Бенгует, како и двајца државни инженери кои вршеле операција за инспекција и спасување во моментот кога се срушил дел од патот.

Повеќе од еден милион луѓе останаа без електрична енергија во Лузон, вклучително и поширокиот регион Манила, каде над 400.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови, соопшти Националната агенција за катастрофи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови