Драматично видео доаѓа од планината Уинта во американската држава Јута.
Додека се возеле со моторна санка низ познатиот терен, браќата Пенроус и нивното друштво биле изненадени од лавина. Некои успеале да избегаат, а другите, помалку среќни, останале заробени под неа.
Како што велат Хантер и Мајлс потребен бил само момент идилата да се претвори во кошмар. Кога почувствувале како се тресе земјата, прво помислиле дека станува збор за земјотрес. Меѓутоа, слушнале татнеж на блискиот врв и сфатиле дека се спушта лавина. Тогаш започнала трката со времето.
View this post on Instagram
Оние кои биле малку пониско успеале да се спасат од налетот на снежната маса, но браќата Пенроус и Нејт, кои го снимил целиот настан, имале помалку среќа. Иако од ранецот го лансирал механизмот за лавина, кој служи за надувување на балон што треба да помогне за одржување на површината, Хантер брзо се нашол под снежниот нанос. Тој бил дезориентиран и единственото нешто што можел да придвижи биле прстите на нозете.
„Беше темно, не знаев каде сум. Не знаев колку е голема лавината, каде е Мајлс или некој друг во нашата група“, опишува Хантер.
PLEASE SHARE!!!! Today we were riding in the uintahs, the snow was great up high and it was finally feeling like we had…
Posted by Miles Penrose on Сабота, 06 февруари 2021
Иако снегот над главата на Нејт бил тврд како камен, тој ја употребил целата своја сила и со раката успеал да пробие дупка на површината. Дури тогаш Мајлс, затрупан само до половина, можел да ги лоцира неговите повици за помош.
„Додека размислувам за тоа, ми поминува низ главата како сè можеше да заврши поинаку и колку навистина имавме среќа“, напишал Хантер на „Инстаграм“.