Утрински Весник
Македонија

(Видео) Бочварски: Преку нов предлог Закон го продолжуваме процесот на легализација

(Видео) Бочварски: Преку нов предлог Закон го продолжуваме процесот на легализација

Mинистерот за транспoрт и врски Благој Бочварски рече дека сакаат да го продолжат рокот за легализација преку нов Закон, за да може да им се даде можност на сите физичи и правни лица кои досега не ги легализирале објектите или подземната инфраструктура, тоа да го сторат.

Бочварски ова го истакна при денешната работна посета во општина Ѓорче Петров.

“Според новиот предлог Закон, а за кој очекуваме поддршка од пратениците, висината на надоместокот е утврдена со висината на надоместокот за уредување на градежно земјиште во секоја општина посебно -комуналии- и се зголемува за 50 проценти. Од плаќање на надоместок со предлогот ослободени се примателите на социјална помош, државни органи, единици на локална самоуправа, јавни субјекти како и верските објекти“, рече Бочварски.

Според него за бесправните објекти кои се изградени во одредени заштитени подрачја со новиот предлог закон се предвидува да се побара согласност за легализација од органите надлежни за управување со овие подрачја.

Тој напомена дека првично со овој предлог закон крајниот рок за легализација беше за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, а беше на барање и со силна поддршка на локалните самоуправи и градоначалниците.

Министерот заедно со градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, доделија триесетина решенија за легализација на жители од општината.

“ Остваривме работна средба, на која дадовме акцент на новиот Клинички центар, изработката на проектот за инфраструктура, а истовремено даваме и апел да се одблокира целиот прокет кој е закочен од опозицијата во Собранието. Станува збор за најголемата гринфилд инвестиција која досега ја имала оваа земја”, истакна градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

На новинарско прашање за изградба на Клиничкиот центар, министерот Бочварски апелираше до пратениците да не го блокираат процесот за изградба на Клиничкиот центар како стратешка инвестиција за државата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност