Утрински Весник
Свет

(Видео) Борис Џонсон пукал со украински војници

Британскиот премиер во заминување Борис Џонсон, додека не добие наследник, поминува се повеќе време со армијата. По летот на Еурофајтер, на ред дојде копнената армија, пренесуваат регионалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

Имено, Џонсон на својот Твитер профил објавил дека ги посетил украинските војници, кои ги обучува британската армија.

Според агенциите, Џонсон ги посетил украинските војници кои се обучени од британските вооружени сили во Северен Јоркшир. Политичарот го привлекол вниманието со фактот дека неговата земја ќе направи се за да и помогне на Украина.

Тој објавил и видео. На снименото видео, политичарот учел да фрла граната, да пука и да нишани од фрлач на гранати.

Претходно, Борис Џонсон имал телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Премиерот ветил дека Лондон ќе продолжи да му ја дава потребната поддршка на Киев, без разлика кој ќе стане нов шеф на владата, јавуваат тамошните гласила.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија