Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Борис Џонсон го цитираше жабецот Кермит во својот говор во ОН

(Видео) Борис Џонсон го цитираше жабецот Кермит во својот говор во ОН
Img 7972

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера додаде малку хумор во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации, повикувајќи на поголеми напори за борба против климатските промени.

„Имаме огромна моќ да ги смениме работите, да ги смениме на подобро и голема моќ да се спасиме себеси“, рече лидерот на британската конзервативна партија.

„А кога жабецот Кермит пееше ‘Не е лесно да се биде зелен’ – се сеќавате ли на тоа? Сакам да знаете дека тој погреши. Лесно е, не е само лесно, туку е и профитабилно и правилно да се биде зелен“, рече Џонсон.

„Мислам дека покрај тоа беше и непотребно груб кон Гица Прасица (Мис Пиги)“, додаде тој.

Британскиот премиер нагласи дека треба да се засадат повеќе дрвја, а тој исто така се залага за повеќе енергија од ветрот.

Џонсон посочи дека Велика Британија произведува толку многу енергија од морските ветрови што размислува да го смени името во чест на богот на северниот ветер и да се вика Бореас Џонсон.

Можете да прочитате

Градоначалничка со часови мачена во подрум – шокантни детали за нападот на политичарката

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ги погоди Филипините, цунами се заканува и на Индонезија

Хамас објави крај на војната во Појасот Газа