Утрински Весник
Свет

(Видео) Борис Џонсон ги повика Британците да останат дома

(Видео) Борис Џонсон ги повика Британците да останат дома
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Британскиот премиер Борис Џонсон ги повика граѓаните да останат дома во времето кога стапуваат на сила мерките за карантин, и посочи дека програмата за тестирање и следење контакти немала толку влијание како што сакала владата, но дека состојбата се подобрува.

Џонсон додаде дека се надева дека некој вид нормален живот ќе се врати во земјата пред прославата на Божиќ според грегоријанскиот календар, доколку луѓето ги следат правилата, пренесува „Ројтерс“.

Тој рече дека е свесен дека луѓето се уморни, но процени дека мерките, кои ќе бидат во сила четири недели, навистина ќе имаат влијание врз вирусот, пренесе Би-би-си.

Џонсон на прес-конференција во Даунинг стрит рече дека валидноста на рестриктивните мерки „автоматски ќе истече“ на 2 декември.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп

Нетанјаху и Трамп му дадоа рок на Хамас за разоружување