Утрински Весник
Македонија

(Видео) Богослужба на македонски јазик се одржа во Соборниот храм на Вселенската патријаршија

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Утрово Вселенскиот патријарх г.г. Вартоломеј и поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан одржаа заедничка литургија во Соборниот храм на Вселенската Патријаршија „Св. Георгиј Победоносец“ во Истанбул (Фанар) откако во четвртокот вселенскиот Патријарх Вартоломеј му го предаде Патријаршискиот и синодален акт на Вселенската патријаршија за примање на Охридската архиепископија (ОА) во богослужбено и канонско единство.

Архиепископот Стефан во седиштето на Вселенската патријаршија во Истанбул богослужеше на македонски јазик.

По завршувањето на сослужувањето, Вселенскиот патријарх Вартоломеј се обрати и ја нагласи големината на дарот за верниот народ на празникот Педесетница со кој црквата во нашата земја станува еднаква со сите други во православниот свет.

Архиепископот Стефан во својот говор истакна дека копнежот на православниот народ да ја видат Охридската Архиепископија возобновена и уредена како автокефална црква бил добро познат.

„Но, Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам ви го оставаме судот на времето, но ве молиме – не зборавајте нѐ, помагајте ни да растеме“, порача г.г. Стефан.

На заедничката литургија во Истанбул присуствуваше и македонска делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, а присутни беа и верници од земјава. За време на литургијата на премиерот Ковачевски му беше укажана чест да ги прочита Симболот на верата и молитвата „Оче наш“ на македонски јазик, коишто се составен дел од богослужбата во православните храмови.

Можете да прочитате

Трајковски: 20,9 милиони евра долг за пет локомотиви, прескапа авантура на Владата

Ахмети се закани со „План Б“ – Ако излезам на улица, нема враќање

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари