Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

(Видео) Битиќи: Сѐ уште траат консултациите за содржината на четвртиот сет мерки

(Видео) Битиќи: Сѐ уште траат консултациите за содржината на четвртиот сет мерки
Img 7972

Се уште е во процес на консултации како ќе изгледа и што ќе содржи четвриот сет економски мерки за помош на граѓаните погодени од корона-кризата, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи кој е задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Четвртиот сет мерки е наш приоритет од првиот ден на формирање на Владата, и веќе имаме консултации со сите чинители. Да се помогне и во секторите во којшто претходно немаме дадено помош, а тоа е директно поврзано со образовните процеси, згрижување на децата во претшколска возраст“, рече Битиќи.

Тој на неговата прва прес конференција како вицепремиер изјави дека во следните четири години ќе се заложи да го направи подобар животот на граѓаните.

„Овие четири години заедно ќе градиме држава, и ќе се бориме да покажеме колку си ја сакаме оваа држава“, рече Битиќи.
Тој рече дека во процесот за справување со економските последици од коронавирусот, ќе цели кон креирање на работни места бидејќи тоа не се бројки туку човечки животи и судбини.

„Следува период на трансформација и европеизација на нашата татковина. Заедно да креираме платформа за економски развој на државата“, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарско прашање, Битиќи изјави дека Македонија за борбата против коронавирусот има издвоено вкупно околу 550 милиони евра.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди

МФ: Исплатени 19,4 милиони евра нова транша за поддршка на домашните компании

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ во ПИОМ не оставија дупка, туку цел кратер