Утрински Весник
Економија

(Видео) Битиќи: Да ги доведеме до минимум бирократските процеси, за полесна работа на компаниите и подобар живот на граѓаните

(Видео) Битиќи: Да ги доведеме до минимум бирократските процеси, за полесна работа на компаниите и подобар живот на граѓаните

Дури и во денешното време на дигитализација и брз проток на информации, во многу земји од светот, се уште на бирократијата се гледа како на масивен, тром и неефикасен систем, кој бавно се прилагодува на потребите на реалниот сектор и на потребите на граѓаните, истакна Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој на покана на организацијата „Македонија 2025“, се обрати на настанот на кој беше претставен Индексот на бирократија, истражување направено во шест европски земји, во заедничка соработка на „Македонија 2025“, „CivicaMobilitas“, Институтот за економски и социјални студии (INESS ) од Република Словачкаи и регионалната канцеларија на Friedrich Nauman Фондацијата.

Битиќи рече дека значаен дел од зголемување на ефективноста и ефикасноста во работењето се сведува тоа да ги доведеме до минимум сите бирократски процеси, за компаниите и за граѓаните, на тој начин, да ја олесниме нивната работа, со еден збор да ги растеретиме од непотребните бирократски процедури.

„ Во повеќе наврати истакнувам дека Владата ќе биде посветена на создавање на Платформа за економски развој, која ќе овозможи побрз и одржлив раст и развој на економијата на Северна Македонија, на долг рок, што пак со сигурност ќе донесе нови работни места, подобри плати, нови патишта, железнички пруги, водоводи, пречистителни станици, училишта, градински, болници, кусо: подобар и поквалитетен живот. Со инклузивен процес, во кој ќе бидат вклучени сите чинители во економското живеење, стопанските комори, синдикатите, академската заедница, меѓународните партнери, граѓанските организации, преку процес на консултации и дискусии, ќе работиме на унапредување на законската регулатива, со која ќе се упростат и олеснат бирократските процедури. Веќе е поставен планот за мапирање на сите законски постапки низ кои граѓаните и стопанството ги остваруваат своите права и обврски кон државата како и законските рокови за постапување од страна на државните органи или институции. Создавањето на овој единствен регистар ќе има повеќекратни придобивки: ќе укаже на предолги или непотребни бирократски чекори и рокови,ќе создаде услови за поголема транспарентност и отчетност на државните службеници кои се во служба на граѓаните, ќе се зголеми ефективноста и ефикасноста во постапувањето, голем дел од постапките ќе се дигитализираат, а можеби најважно, ова ќе биде моќна алатка за сузбивање на корупцијата“, потенцираше вицепремиерот.

Битиќи, во името на Владата, посочи дека во наредните четири години, посветено ќе се работи на намалување на бирократските процедури, унапредување на условите за водење на бизнис и силна борба против корупцијата и сивата економија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување