Утрински Весник
Магазин

(Видео) Биографска драма за геј калуѓерки наскоро пристига во киносалите

(Видео) Биографска драма за геј калуѓерки наскоро пристига во киносалите
Dik 300x250 mk

Легендарниот режисер Пол Верховен отсекогаш бил провокатор до одреден степен, без разлика дали тоа е остра осуда на големите американски корпорации и полициска држава (RoboCop) или замаскираниот американски фашизам (Starship Troopers).

Неговиот најнов филм „Бенедета“ спаѓа во рангот на сексуални провокации со кои веќе се поигра во Raw Passions и Showgirls.

Меѓутоа, во овој филм тој додаде прилично лесна цел – религијата. „Бенедета“ ја следи приказната за една млада калуѓерка која тврди дека има визии за Исус, но во исто време ја истражува љубовната врска со друга калуѓерка.

Иако на површината можеби изгледа дека се работи за нешто суперпровокативно, оваа драма е всушност прилично благ третман на темата за односот на Католичката црква кон религијата и сексот.

Темите, меѓу другото, се лицемерието и мизогинијата, кои се нераскинлив дел од Католичката црква и пречестиот фокус на филмаџиите, но тежината на приказната ја дава фактот што филмот е заснован на вистинска настан за Бенедета Карлина, која Црквата во 17-тиот век ја прогласува за луда и ја казнува поради упорните тврдења дека Исус се појавува во нејзините визии и стигми за кои таа тврди дека се автентични.

Актерскиот тим ги вклучува Вирџинија Ефира (Бенедета), Дафни Патакија (Бартоломеа) и вообичаено квалитетната Шарлот Ремплинг која ја портретира сестра Фелицита.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои навидум изгледаат смирено

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година